СООПШТЕНИЕ
Врз основа на чл.60 став 1 и 6 од Законот за основно образование, ООУ „Славејко Арсов“ Штип, им соопштува на родителите дека уписот на ученици во I одделение за учебната 2026/2027 година, ќе се врши во текот на месец мај (од 4.5.2026 година до 28.5.2026 година), во канцеларија на стручни соработници – педагог и психолог, од 8:00 до 14:00 часот. Ќе се запишуваат деца родени од 1.1.2020 година до 31.12.2020 година. Според чл.60 став 7 од Законот за основно образование можат да се запишат и децата родени од 1.1.2021 година до 31.1.2021 година (по претходно барање од родителите – старателите и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето). Запишувањето на децата во училиштето го врши Училишна комисија за упис формирана од страна на директорот, врз основа на чл.61 став 1 од Законот за основно образование. Пријавувањето за упис во прво одделение се врши во училиштето со евиденција на име и презиме на детето во интерна книга за термини. При уписот во прво одделение во училиштето задолжително треба да дојдат родител/старател и детето (разговор со детето), со потребните документи за упис. Врз основа на чл.63 став 1 од Законот за основно образование, родителот, односно старателот има право и обврска да го запише детете во основното училиште во реонот во кој има живеалиште или каде што има престојувалиште. Врз основа на чл.60 став 2 и 3 од Законот за основно образование, родителот при запишување на детето во прво одделение е должен до општинското основно училиште да ги достави следните документи:
1. Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа;
2. Потврда за стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
3. Потврда од офталмолошки преглед издадена од офталмолог – специјалист по очни болести;
4. При запишување на дете со попреченост потребно е да се достави и проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост, за дополнителна образовна поддршка;
Дополнителни документи:
5. Извод од матичната книга на родените на детето (копија);
6. „Досие на детето“ – мислење на стручниот тим од предучилишната установа (доколку детето посетувало предучилишна установа);
7. Родителот како доказ за живеалиште односно престојувалиште треба да достави личен документ/лична карта.